За конечното „заживување“ на оваа интернет страница изразуваме голема благодарност на претседателот на Владата на Република Македонија, г-динот Никола Груевски, покровител на манифестацијата „2008 Година на македонскиот јазик“ за доделените средства на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) за изработка и промоција на „Библиографија на македонскиот јазик“ според решение бр. 05-1656/22 од 15.02.2008.
Изразуваме благодарност на Властимир Видоески, наследник на авторските права на акад. Божидар Бидоески, како и на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, издавач на првото издание во 1953 година на Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик од Б. Видоески за бесплатно доделените права за фототипско издавање и конвертирање на библиографските податоци за потребите на Онлајн БМЈ.