Изработката на оваа страница претставува дел од соработката на проф. д-р Милица Миркуловска, надворешен соработник на ИЦАЛ при МАНУ и раководител на Одделот за библиографија при ИЦАЛ со проф. д-р Катерина Здравкова од Институтот за информатика на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија.
Онлајн БМЈ е изработена во две дипломски работи
„СИСТЕМ ЗА ОНЛАЈН БИБЛИОГРАФИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК“ од Ирена Анастасова и „ВЕБ АДМИНИСТРАЦИЈА И НАДГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА ОНЛАЈН БИБЛИОГРАФИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК“ од Горан Николов одбранети во уч. 2006/2007 година на Институтот за информатика на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија под менторство на проф. Катерина Здравкова и консултации со проф. Милица Миркуловска, презентирани на 4 јуни 2007 година во просториите на МАНУ. |