Што содржи Онлајн БМЈ ?
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
   
   
   
   
   
   
   
   

               

 

Онлајн БМЈ ги содржи библиографските податоци од печатените изданија: „Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик [1]“ (објавена 1953 год.),„Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик 2 (1953-1970)“ (објавена 2002 год.), „Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик  3 (1971-1985)“ (објавена 2006 год.)  и  „Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик 4 (1986-2006)“ (објавена 2008 год.). Системот Онлајн БМЈ содржи околу 10 000 записи на библиографски единици и дополнителни информации за класификации, периодики, автори, редактори, прикази/дискусии. Податоците кои се користат во системот Онлајн БМЈ се структурирани, односно имаат дефинирана структура според Интернационалниот стандард на библиографска дескрипција. Библиографските податоци се средени според прифатената КЛАСИФИКАЦИЈА (која во текот на работата на печатените изданија 2, 3 и 4 беше дополнувана, сп.: Класификација БМЈ2, Класификација БМЈ3, Класификација БМЈ4.

Библиографската единица вклучува информација за автор-и, наслов, издавач, година на издавање, место на издавање, извор, број на страници, додатоци. Секоја библиографска единица е поврзана со дадена(и) област(и) во прифатената Класификација. Одделни библиографски единици се поврзани со лица кои се предмет на библиографската единица или прикази/дискусии кои се однесуваат на библиографската единица.
Онлајн БМЈ има можност за постојана администрација, па Ве молиме за Ваш придонес во збогатувањето на податоците. Информациите можете да ни ги испратите по електронски пат или по пошта.

 

Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ)
Истражувачки центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ)

Оддел за библиографија
бул. Крсте Мисирков бр. 2, 1000 Скопје, Р. Македонија


2008